Ивановска на прославата за 20 години ДКСК: Потребно е да се зголемат капацитетите на Антикорупциска комисија

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска синоќа изјави дека е задоволна од работењето на Комисијата откако е таа на функцијата.

„Вложивме многу труд, работите се променија. Оставивме печат за нашето независно работење и горди сме за тоа. Нашиот труд го препозна и ЕК, успеавме претходните негативни оценки да ги поправиме, но во борбата не можеме да бидеме сами. Треба да се вклучат сите институции и да постапуваат согласно надлежностите и по нашите препораки. Една птица не ја носи пролетта, цело е кога има се, системот функционира кога функционираат сите делови“ рече Ивановска по повод 20-години од постоењето на Антикорупциската комисија.

Таа додаде дека ДКСК е превентивно тело.

„Точно се поделени надлежностите. По мене не треба да се зголемат надлежностите, туку треба да се зголемат капацитетите на институцијата, за да си одговори на тоа што е пропишано со закон“ – рече Ивановска.

Во последното издание на Трилинг, Ивановска потенцираше дека во отсуство на систем се сомневаме и влијанието најтешко се докажува, а најмногу постои. Вели дека ниту едно детектирање сомневање за криминал кои таа ги посочила како Антикорупциска немале судска развршница.

„Незадоволството како институција е еднакво за сите. Најголемите ризици од корупција кои ги утврдивме за националната стратегија беа политичкото влијание и неказнивоста. Тоа ми дава сила и мотивација уште повеќе да работиме и да придонесеме преку известување на јавноста за се она што го даваме во обвинителството“ – рече Ивановска.