Зечевиќ: Јас сум бил булдожерот на СДСМ, до петок ќе решам дали ќе се кандидирам за лидер на СДСМ

„Долги години сум во СДСМ, ме познаваат сите, во сите добри и лоши моменти сум бил тука и во вака клучни моменти чувствувам одговорност да застанам на браникот на партијата“ рече синоќа меѓудругото, во своето прво телевизиско интервју за ТВ24, Миле Зечевиќ, екс-директор на УБК и екс-советник на Зоран Заев од СДСМ.

Тој рече дека „ќе одлучи до петок дали ќе ја поднесе својата кандидатура за лидер на СДСМ“.

„Јас сум бил булдожерот на СДСМ во сите овие години, треба на сите кандидати да им се даде право да ги пренесат своите визии. Премиерот Заев отворено својата поддршка јавно ја дава кон кандидатот Ковачевски. Дали сака да се задржи мир во куќа не знам. Најдобро е да се сочува единството во СДСМ, не му се потребни турбуленции. Убеден сум дека никој освен Зоран Заев не може да ја води Владата во наредниот период за да добиеме шанса во 2024 година да излеземе на редовни парламентарни избори. Ова го правам за да се остави простор СДСМ внатре да се реорганизира“ рече Миле Зечевиќ.