
Првата светска војна однесе милиони животи. Втората светска војна зеде десетици милиони од нив. Нема да има Трета светска војна. Тоа не е трилогија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека нема да има трета светска војна, јавува Анадолија.
„Првата светска војна однесе милиони животи. Втората светска војна однесе десетици милиони од нив. Нема да има Трета светска војна. Тоа не е трилогија“, рече Зеленски во своето обраќање за време на 80-тото доделување на Златните глобуси во вторникот.
Тој посочи дека војната меѓу Русија и Украина се уште не е завршена, но дека доаѓа крајот на војната и „веќе е јасно кој ќе победи“.
„Сè уште има битки и солзи напред, но сега дефинитивно можам да ви кажам кој беше најдобар во претходната година, тоа бевте вие. Слободните луѓе од слободниот свет. Оние кои се обединија да го поддржат слободниот украински народ во нашата заедничка борба за слобода, демократија, за право на живот, љубов, без разлика кој си и од каде си“, рече Зеленски.
Тој додаде дека Киев ќе ја запре руската „агресија“ во Украина и тоа ќе го направи „заедно со слободниот свет“.