Зеленски: Слушаме со години дека вратите на НАТО се отворени, но не можеме да се влеземе!

Украина разбира дека вратата за членство во НАТО не е отворена и затоа предлага да се брани на друг начин доколку и се дадат безбедносни гаранции“. Ова во видео-порака го изјави денеска украинскиот претседател – Володимир Зеленски.

„Украина не е членка на НАТО. Ние го разбираме тоа. Слушавме со години дека вратите се отворени, но слушнавме и дека не можеме да се приклучиме. Тоа е вистина и мора да се признае“ – рече Зеленски.

Тој нагласи дека „Ако не можеме да поминеме низ отворената врата, треба да работиме со организации кои можеме, кои ќе ни помогнат, ќе не заштитат и ќе добиеме некои гаранции“.