Зеленски: Бахмут е крваво место

Областа околу градовите Бахмут и Соледар во источна Украина „е едно од најкрвавите места на линијата на фронтот“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговото вчерашно обраќање.

Бахмут стана можеби најспорниот дел од 1.300 километри долгата линија на фронтот во Украина и сцена на некои од најжестоките борби во војната.

„Нема парче земја во близина на овие два града каде што окупаторот не би го дал животот за лудите идеи на господарот на рускиот режим“, рече Зеленски, а пренесува Си-Ен-Ен.

Вооружените сили на Украина објавија нова проценка за руските загуби.