За десет години Албанија ја напуштиле 500.000 граѓани

Најмалку 500.000 Албанци ја напуштиле земјата во период од една деценија, односно од 2010 до 2020 година.

Ова се официјалните податоци објавени од албанскиот институт за статистика, ИНСТАТ и ЕУРОСТАТ, додека бројот на оние кои ја напуштиле земјата повеќе од сигурно е многу поголем.

Германија е една од земјите која е најпосакувана дестинација за албанските имигранти.

„Во соопштение пред неколку дена, германската амбасада најави олеснување на процедурите за голем број струки, како лекари, медицински сестри, дадилки за деца, квалификувани работници. Сега секојдневна слика пред амбасадата се долгите редици луѓе кои чекаат да добијат работна виза или за спојување со семејството“ – јави Њуз24.