Забранети мобилните телефони и нездравата храна во училиштата во Албанија

Во секое одделение, учениците ќе бидат запознаени со безбедносните правила, училишниот кодекс на облекување, забраната за употреба на мобилни телефони и нездрава храна, меѓусебното почитување и соживотот во училишната заедница.

Министерството за образование на Албанија објави дека новата учебна 2026/2027 година почнува на 14 септември, со нови нови правила, со кои ќе ученците бидат запознаени на првиот училишен ден и кои треба строго да ги почитуваат.

Во секое одделение, учениците ќе бидат запознаени со безбедносните правила, училишниот кодекс на облекување, забраната за употреба на мобилни телефони и нездрава храна, меѓусебното почитување и соживотот во училишната заедница.

„Информирањето и ориентацијата на учениците ја вршат сите членови на персоналот на образовната институција, вклучувајќи ги наставниците од сите предмети, психосоцијалната служба, службениците за обезбедување и другите вработени во институцијата. Секој член на персоналот придонесува за зајакнување на запознавањето, разбирањето и спроведувањето на правилата од страна на учениците“, се наведува во упатството кое ќе биде доствено до сите училишта од основното и средното образование.

Во упатството е додаден нов член за проценка и управување со ризик во училиштата. Локалните образовни канцеларии се задолжени за назначување координатори за ризик и составување регистри на ризик, каде што училиштата ќе бидат класифицирани според нивоата на ризик. Во дел од училиштата се поставени и безбедносни камери.

Проценката ќе се спроведе преку докази, анкети и физички набљудувања на секоја институција. Понатаму, раководителите на училиштата мора да преземат мерки за намалување и елиминирање на ризиците и да се координираат со општината, полицијата и здравствените служби за ризици надвор од надлежноста на училиштата.

Како приоритет, оваа година, упатството ја проценува превенцијата од насилство, малтретирање и насилен екстремизам, нагласувајќи го како нов пишан елемент „воспоставување тесна соработка меѓу персоналот, заедницата и родителите“.