„ЕУ не треба да биде исклучена од преговорите за Украина“

Францускиот министер за европски прашања – Клеман Бон смета дека „Европската Унија не треба да биде исклучена од преговорите за Украина“.

„Европејците не треба да отсуствуваат од преговарачката маса“, изјави Бон.

Тој рече и дека Москва се обидува да ја заобиколи Европската Унија преговарајќи директно со Вашингтон за Украина. Смета и дека европските министри за надворешни работи ќе разговараат за можните мерки оваа недела, па ќе дадат одговори и на задушувањето на антивладините протести во Казахстан од минатата недела.

„Тие ќе разговараат за мерките што Европа може да ги преземе за да испрати порака: дека не можете да ги скршите луѓето, демонстрантите, кои протестираат против трошоците за живот“, изјави Бон.