
Ердоган во Њујорк ќе бара признавање на Палестина и мерки против Израел
Едно лице од толпата, кое допатувало од Германија, извика на турски јазик: „Дојдовме од Германија за да ве поздравиме“, додека еден Египќанец рече: „Ја цениме вашата работа за сите нас“.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пристигна во Њујорк за 81-вата сесија на Генералното собрание на Обединетите нации.
Се очекува во своето 16-то обраќање пред Генералното собрание, Ердоган да се фокусира на Газа, палестинската државност и меѓународните мерки против Израел.
На аеродромот „Џон Ф. Кенеди“ го пречекаа турскиот амбасадор во САД, Седат Онал, постојаниот претставник во ОН, Ахмет Јилдиз, како и други официјални лица.
Потоа, Ердоган пристигна во „Турската куќа“ во Њујорк, каде што беше собрана голема толпа луѓе – вклучително и Турци кои живеат во САД – за да го поздрават.
Едно лице од толпата, кое допатувало од Германија, извика на турски јазик: „Дојдовме од Германија за да ве поздравиме“, додека еден Египќанец рече: „Ја цениме вашата работа за сите нас“.
Обраќајќи им се на новинарите пред „Турската куќа“, Ердоган накратко напомена дека го очекува многу набиен распоред.