„Енерго Технома“ и „Реал Експо“ од денеска до 31 октомври во Т Арената

Во Т Арената во Скопје денеска ќе бидат отворени меѓународните саеми „Енерго Технома 2026“ и „Реал Експо 2026“, каде на изложбена површина од над 2.500 квадратни метри, посетителите ќе имаат можност да се запознаат со решенија од областа на роботиката, автоматизацијата, обновливите извори на енергија, циркуларната економија и дигиталната трансформација. На свеченото отворање ќе присуствуваат министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Под мотото „Вклучи одржливи навики“, двата настана од денеска до 31 октомври ќе обединат компании, институции, експерти, инвеститори и млади иноватори, со програма посветена на новите технологии, енергетиката, одржливиот развој и недвижностите. Саемската програма покрај изложбениот дел, опфаќа стручни презентации, панел-дискусии, промоции на производи и услуги, деловни средби и можности за вмрежување.

По свеченото отворање, програмата продолжува со две панел-дискусии посветени на актуелни прашања од областа на енергетиката и пазарот на недвижности: „Енергетска ефикасност: од трошок до долгорочна инвестиција“ и „Пазарот за недвижности: цени, инвестиции и нови модели на живеење“.