
Американската технолошка компанија „Енвидија“ (Nvidia) проверува дали нејзиниот извршен директор, Џенсен Хуанг, бил цел на странска шпионажа.
Претходно медиумите објавија дека директорот на водечката американска технолошка компанија имал вонбрачна врска со кинеска бизнисменка, за која подоцна се дознало дека е кинеска шпионка.
Во писмо до вработените во „Енвидија“, Хуанг признал дека ѝ бил неверен на сопругата и презел „целосна одговорност“ за своите постапки.
Од компанијата соопштија дека немаат причина да веруваат дека биле компромитирани нејзините деловни тајни или националната безбедност на САД.
Сепак, според аналитичарите, Хуанг би можел да ја загуби функцијата по завршувањето на внатрешната истрага.
За случајот се огласи и американскиот претседател Доналд Трамп, кој рече дека не разговарал со Хуанг за тоа прашање, нарекувајќи го „добар човек“.