Елтон Џон закачи корона – одложени 2 концерти од прошталната турнеја
Легендарниот британски музичар – Елтон Џон преку социјалните мрежи ја информира јавноста дека е позитивен на Ковид 19 и дека поради тоа ќе откаже 2 концерта во САД во рамките на својата проштална светска турнеја.
„Заразен сум со коронавирусот и поради тоа морам да одложам 2 концерта во Далас во следните денови“ – објави 74-годишниот музичар.
Тој се надева дека можеби ќе го одржи концертот закажан за сабота во државата Арканзас, бидејќи има благи симптоми и има примено 3 дози вакцина против коронавирус.
Својата проштална турнеја „Farewell Yellow Brick Road“ ја започна во 2018 година, со планирани повеќе од 300 концерти во текот на 3 години низ целиот свет, се до избувнувањето на епидемијата на коронавирус.
Тој е автор на хитовите како „I’m Still Standing“, „Your Song“ и „Crocodile Rock“.
Во кариерата продаде повеќе од 300 милиони плочи, а одржа повеќе од 3.500 концерти.