Екипа на ТВ 24 нападната со боксови од сопственикот на куќата која е пријавена како престојувалиште на Украинецот Онишченко

Екипа на ТВ 24 беше нападната пред куќата на улица „Пржино“ број 28Б која, според официјалните документи, е пријавена како престојувалиште на контроверзниот Украинец Олександр Онишченко.

Сопственикот на куќата на чија адреса е пријавен дека живее (иако Онишченко никогаш не бил во куќата) украинецот гонет за  корупциски скандали и проституција, најдрско и простачки првин ги соблекува панталоните и го покажува половиот орган кон камерата.

Не застанува на своето непристојно однесување и почнува да вика по снимателот кој е на јавна површина.

Нападот од сопственикот на куќата, кој дозволил да биде живеалиште на Онишченко во Скопје, продолжува со пцовки и погрдни зборови кон снимателот на ТВ 24 за потоа да го нападне  со боксови.