ЕВН: Набавката на електричните броила е спроведена согласно сите законски регулативи

Сите набавки на ЕВН Македонија се спроведуваат низ јасно утврдена постапка, со почитување на законските процедури и специфичните технички критериуми, велат од енергетската компанија за последниот договор за набавка на електрични броила.

Сите набавки на ЕВН Македонија се спроведуваат низ јасно утврдена постапка, со почитување на законските процедури и специфичните технички критериуми, велат од енергетската компанија за последниот договор за набавка на електрични броила.

-Таквата пракса беше применета и во постапката за набавка на броила, каде што, покрај законската регулатива, беа доследно применети и критериумите за техничка и професионална способност, усогласеноста со барањата од техничката спецификација, како и проверката за евентуално постоење причини за исклучување на понудувачите од постапката- порачуваат од ЕВН Македонија и додаваат дека изборот на понудувачот е направен со строго почитување на утврдените критериуми и регулативи.

Изборот на понудувачот, како што велат, е резултат исклучиво на спроведената постапка и на исполнувањето на однапред утврдените критериуми и барања, без простор за политички или други толкувања поврзани со изборот.

-Промената на броилата е дел од процесот за целосно усогласување на дистрибутивниот систем со стандардите на Европската Унија и интензивно се спроведува со години наназад, а ќе продолжи и во следниот период, посочуваат од ЕВН Македонија.

Од ЕВН ја поврзуваат набавката на електрични броила со поширокиот инвестициски циклус за модернизација на електродистрибутивната мрежа и подобрување на услугите. Во рамките на тој процес, според компанијата, се реализираат повеќе активности – далечинско управување со трафостаниците, унапредување на софтверските решенија за управување и замена на електричните броила.