
ДЗС: Извозот зголемен за 20.8, а увозот за 27.8 отсто
Вредност од 471 373 069 илјади денари на извозот на стоки од нашата земја, во периодот од јануари до ноември 2022 година.Вкупната вредност бележи пораст од 20.8% во однос на истиот период од претходната година.Вредноста на увезената стока за истиот период изнесува 684 609 418 илјади денари,27.8% повеке од истиот период во 2021, според податоците на ДЗС.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари – ноември 2022 година, изнесува 213 236 349 илјади денари, а покриеноста на увозот со извоз е 68.9 %.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот се најмногу застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, електричната енергија и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.
Во периодот јануари – ноември 2022 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.