
Да не чекаме светот да ги открие нашите можности, да бидеме тие што ќе му ги покажат, порака на првиот Global Trade and Growth Forum
Македонија е мала земја, но со голем потенцијал. Потенцијалот се луѓето – нивните идеи и храброста да создаваат вредност надвор од нашите граници. Да ја искористиме оваа сила што ја имаме дома, да создадеме успех што ќе се препознае. Да не чекаме светот да ги открие нашите можности, да бидеме тие што ќе му ги покажат, порачаа денеска учесниците на првиот Global Trade and Growth Forum, што се одржува во Скопје.
Македонија е мала земја, но со голем потенцијал. Потенцијалот се луѓето – нивните идеи и храброста да создаваат вредност надвор од нашите граници. Да ја искористиме оваа сила што ја имаме дома, да создадеме успех што ќе се препознае. Да не чекаме светот да ги открие нашите можности, да бидеме тие што ќе му ги покажат, порачаа денеска учесниците на првиот Global Trade and Growth Forum, што се одржува во Скопје.
Како што беше речено, имаме квалитетна понуда, претприемачки дух и стратешка положба на важни европски транспортни коридори. Можеби немаме море, но тоа не значи дека немаме пат до светот.
Со мотото „Локална сила, глобално влијание“ форумот треба да го поттикне дијалогот помеѓу јавниот и приватниот сектор и да ги доближи меѓународните, особено швајцарските искуства до домашната бизнис-заедница.
– Поврзаноста денес не е само прашање на транспорт и на инфраструктура, туку е предуслов за трговија, конкурентност и економски раст. Денес, повеќе од кога било, ниедна економија не расте сама. Во свет во кој пазарите се сè поповрзани, а конкуренцијата сè поголема, успехот не зависи само од тоа што можеме да создадеме, туку и од тоа колку далеку можеме да стигнеме. Македонија е веќе дел од таа приказна и има што да му понуди на светот. Некои од нашите производи се добро познати и препознатливи во светот, а други се дел од глобалните синџири на производство, вградени во производи што секојдневно ги користат милиони луѓе. Но, можеме многу повеќе. Токму за тоа разговараме. Како да создадеме повеќе можности за трговија, инвестиции и економски раст и како уште посилно да ја поврземе Македонија со светот. Поврзувањето со светот создава можности. Впо текот на годините, соработувајќи со разни компании одблиску, видов колку знаење и посветеност постојат кај нас. Затоа длабоко верувам дека нашиот потенцијал се луѓето – нивните идеи и храброста да создаваат вредност надвор од нашите граници. Но, добрата идеја е само почеток – истакна генералната директорка на МСЦ Северна Македонија и потпретседател на „Свис чем“ во нашата земја, Сања Радовановиќ.
Според претседателката на „Свис чем“, Соња Стефановска, Македонија има талентирани луѓе, амбициозни компании и значаен потенцијал.
– Швајцарија е инспиративен пример за таа како една релативно мала земја може да изгради глобална конкурентност преку иновации, стабилност, силни институции и посветеност на квалитетот. Од меѓународната трговија и логистика, преку инфраструктура и извозната конкурентност, до дигиталната трансформација, денешните дискусии ќе бидат насочени кон тоа како предизвиците да ги претвориме во можности, а идеите во конкретни активности – нагласи Стефановска.
Форумот се организира со поддршка на Швајцарија преку Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Државниот секретаријат за економски прашања (SECO), со придонес на програмите IME, SIPPO и SwissEP.
Покрај бизнисмени и претставници на дипломатскиот кор, присуствува и вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски како учесник на панел.