Ивица Дачиќ – претседателот на Собранието на Србија по повод руската инвазија на Украина рече сега се очекува Србија „да застане на нечија страна.
-Сега сме во ситуација кога од нас се очекува да застанеме на нечија страната. Секој тргнува од своите интереси. Логично е Србија да тргнува од своите интереси. Ние немаме интерес да водиме политика во согласност со очекувањата на Истокот и Запад, туку се водиме од нашите интереси. Го почитувам она што го велат од Брисел, но наша обврска е да ја усогласуваме надворешната политика со политиката на ЕУ постепено додека не влеземе во ЕУ“ – изјави Дачиќ.
„Дали гарантираат дека утре ќе влеземе во ЕУ? Не, туку за десет, 15, 20 години. Па добро, и ние ќе ја усогласиме нашата надворешна политика за десет, 15, 20 години. Од друга страна, дали ќе го повлечат признавањето на Косово и Метохија? Дали ќе престанат да го нарушуваат територијалниот интегритет на Србија, а не да ја тераат Србија да воведе санкции против земјата која најмногу ги штити нашите национални и државни интереси“ – рече тој за РТС.
Дачиќ оцени дека„не е добро“ што Русија го нарушила територијалниот интегритет на Украина.