
Дали сме навистина социјална држава, праша Сиљановска во честитката за 1 Мај
Во својата честитка за празникот на трудот, 1 Мај, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова постави повеќе прашања кои се однесуваат на правата на работниците и подвлече дека синдикалното организирање е многу важно.
Во својата честитка за празникот на трудот, 1 Мај, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова постави повеќе прашања кои се однесуваат на правата на работниците и подвлече дека синдикалното организирање е многу важно.
Во своите прашања наведени во честитката едно од најважните што ги поставува е „дали сме само уставно, или и во стварноста социјална држава?“
Во честитката Сиљановска ги поставува овие прашања:
„Дали ги почитуваме општо прифатените норми на меѓународното трудово право?; дали сме само уставно, или и во стварноста социјална држава?; дали социјалната правда е идеал или реалност?; дали работничкиот труд е соодветно вреднуван, односно дали работниците се правично наградени за работата и можат да напредуваат согласно знаењето и вложениот труд?; дали се безбедни и сигурни на работното место?; дали и зошто има случаи на присилна работа?; дали секому, под еднакви услови му е достапно секое работно место?; дали секој вработен има право на платен дневен и неделен и годишен одмор?; каков е односот на колективните партнери кон колективните договори и правото на штрајк?“
На овие нејзини прашања одговорите најмалку може да ги дадат работниците и нивните здруженија, туку тоа треба да го направат властите и работодавачите и нивните комори.
Велејќи дека само задоволни работници може да бидат вредни и продуктивни, Сиљановска „синдикалното организирање, правото на протест и социјалниот дијалог се предуслови за рамнотежа меѓу економските интереси и социјалната правда“.