Белгија се приклучува кон Специјалниот трибунал за руската агресија врз Украина
Белгија донесе одлука да се приклучи кон Специјалниот трибунал за агресијата на Русија врз Украина, објави Укринформ, повикувајќи се на соопштение на белгиското Министерство за надворешни работи на социјалната мрежа „Икс“.

„Белгија се приклучува кон Специјалниот трибунал за злосторството агресија против Украина“, соопшти Министерството.
Оттаму посочуваат дека Трибуналот е формиран во рамките на Советот на Европа и има мандат да гони високи политички и воени лидери.