Гутереш: Над 3 милиона лица избегаа од Украина!

Антонио Гутереш – генералниот секретар на ОН вели дека досега повеќе од 3 милиона лица ја напуштиле Украина, бегајќи од воениот конфликт .

„Повеќе од три милиона Украинци беа принудени да ја напуштат својата татковина. На Украинците очајно им треба мир. И луѓето ширум светот го бараат тоа. Русија мора веднаш да ја прекине оваа војна“ – напиша Гутереш на Твитер.

Најмногу Украинци, над 1,8 милиона се заминати за Полска, а останатиот дел во соседните Словачка, Романија и Унгарија, како и во земјите од Западна Европа.