Пожарникарите и денес ја продолжија борбата против шумските пожари во близина на Атина, додека многу жители се евакуирани од приморските подрачја погодени од топлотниот бран.
„Нашата главна грижа е да ги заштитиме животите“, кажа портпаролот на пожарникарската служба Јанис Артопиос.
Најголемиот пожар од утринава е во шума 50 километри северно од Атина, каде се ангажирани 140 пожарникари, со поддршка на шест водени бомбардери и хеликоптери, кажа портпаролот.
Властите вчера издадоа налог од претпазливост да се евакуираат неколку приморски населби кај Атина, меѓу кои популарните летувалишта Лагониси, Саронида и Анависос.
Во тоа подрачје изгореле повеќе куќи, а еден коњички клуб и манастир се евакуирани, јави ЕРТ.
Денес на овој дел од грчкото приморје во гасењето на пожарот учествуваат 230 пожарникари, со поддршка од пет хеликоптери. Сообраќајот е во прекин на патиштата околу погодените локалитети.
Трет пожар и понатаму гори во летувалиштето Лутраки, околу 80 километри западно од Атина, од каде вчера биле евакуирани 1.200 деца од детско летувалиште.
Како и дел од Европа, Грција викендов ја погоди првиот топлотен бран во годината со највисока температура од 44,2 Целзиусови степени во регионот Теба, централна Грција, според Националната опсерваторија на Атина.
Во Атина живата во саботата се качила на 39 степени, додека Акропол неколку дена е затворен во најтоплиот дел од денот.
Додека се очекува температурите да паднат за два до четири степени до среда, нов топлотен бран се очекува од четврток со очекувани највисоки температури од 43 степени локално, според националната метеоролошка служ