Граѓански форум „Северна Македонија и иднината на Европа: Граѓаните во срцето на проширувањето на ЕУ“

-Овој форум е единствена можност граѓаните активно да учествуваат во обликувањето на европската иднина на земјата. Со обединување на различни чинители, се стремиме да го зајакнеме демократскиот ангажман и да обезбедиме процесот на проширување на ЕУ да ги одразува аспирациите на луѓето - изјави Лукас Мандл.

Групата за поддршка на демократијата и координација на изборите при Европскиот парламент, во соработка со Собранието на Северна Македонија, денеска и утре организира Граѓански форум „Северна Македонија и иднината на Европа: Граѓаните во срцето на проширувањето на ЕУ“.

Како што соопштуваат од Делегацијата на ЕУ во Скопје, овој значаен настан ќе собере 50 избрани граѓани, пратеници во Европскиот парламент, пратеници во Собранието и национални експерти за да разговараат за патот на земјата кон интеграција во ЕУ и за улогата на граѓаните во обликувањето на демократската иднина на земјата.

Форумот ќе биде отворен во 9.30 часот со официјална пленарна сесија на која ќе се обратат претседателот на Собранието Африм Гаши и Лукас Мандл, водечки пратеник за Западен Балкан во Европскиот парламент.

На отворањето исто така ќе говорат членовите на делегацијата од Европарламентот – Томас Вајц, австриски европратеник од Зелените, кој е и постојан известувач на ЕП за земјава, бугарскиот европратеник Кристиан Вигенин, европратеникот од Грција Костас Арванитис и Ондрус Бранисла, европратеник од Словачка.

-Овој форум е единствена можност граѓаните активно да учествуваат во обликувањето на европската иднина на земјата. Со обединување на различни чинители, се стремиме да го зајакнеме демократскиот ангажман и да обезбедиме процесот на проширување на ЕУ да ги одразува аспирациите на луѓето – изјави Лукас Мандл.

Во рамки на форумот ќе се одржи пленарна сесија и неколку тркалезни маси посветени на иднината на проширувањето.