Гори фабриката за брашно „Жито Битола“
Попладнево голем пожар избил во индустрискиот дел на Битола, информациите се дека гори фабриката за брашно „Жито Битола“.
Според првичните информации, пожарот го гаснат неколку пожарникарски возила, а засега нема информации за причината за пожарот иако се дознава дека пламените јазици веќе стигнале и до кровната конструкција на објектот.
Полицијата го обезбедува местото.
Инаку, фабриката е во приватна сопственост, работи како млин и произведува бели печива.