Георгина со детали за животот со Роналдо: Кристијано е одличен татко и најдобар сопруг, ама тој не готви

Партнерката на Кристијано Роналдо, Герогина Родригез откри детали од животот со португалската ѕвезда. Според неа, Роналдо е одличен татко и партнер.

„Кристијано е одличен татко и најдобриот сопруг за кој можев да сонувам. Но, тој не готви. По целото утро тренира, заслужува чинија топла храна подготвена со љубов. Имаме готвач, но и јас готвам понекогаш“ изјави Георгина во интервју за „Sportsweek“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Потоа зборуваше за навикнување на животот во Саудиска Арабија, каде Роналдо игра за Ал Наср. Таа се пожали на новиот дом бидејќи таваните се превисоки, па дури и менувањето на сијалицата е проблем. Дополнително, промената на културата ја смета за голема, односно радикална.

Иако имаше загриженост за заедничкиот живот бидејќи не се во брак, Кристијано и Герогина немаат проблеми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

„Властите неодамна почнаа да го „тргнуваат погледот“ и повеќе не се строги како порано, но законот се применува доколку има проблеми или кривични дела“, изјавиле неодамна адвокатите за агенцијата ЕФЕ, па славната двојка не е во животна опасност.

Тие двајца се долго време заедно и создадоа семејство. Тие се во врска од 2016 година.