Генчовска: Бугарија го рестартира дијалогот со С. Македонија

„Добро е што Бугарија го рестартира дијалогот со Северна Македонија и очекувам да има надградба на резултатите за политиките со амбициозните планови на Владата“. Ова го изјави шефицата на бугарската дипломатија – Теодора Генчовска.

„Со оглед на фактот дека министерствата за надворешни работи на Бугарија и Северна Македонија се координатори на целиот процес, покрај водењето дијалог за политички прашања, во разговорот со шефот на дипломатијата на Република Северна Македонија го проширивме опсегот на разговори“ – рече Генчовска.

Во таа насока додаде дека во однос на Украина, Софија и предложила на земјава дека доколку има потреба и на наше барање, би се евакуирал тимот на Амбасадата на Северна Македонија во Украина. Генчовска посочи и дека Бугарија го обновила предлогот за заштита на воздушниот простор на С. Македонија.