Вјоса Османи ќе тужи новинар

Претседателката на Косово, Вјоса Османи ги отфрли како „невидена лага и клевета“ наводите дека посредувала за префрлање на поранешниот припадник на косовската полиција, Дејан Пантиќ во домашен притвор и најави дека ќе преземе „правни чекори“ против новинарот Ридван Бериша.

Бериша претходно изјави дека претседателот на Косово „интервенирал“ во случајот Пантиќ за да се постигне договор за отстранување на барикадите од северот на Косово, објави порталот Косев.

„Претседателката Османи во ниту еден случај и во ниту една ситуација не се меша во работата на судските органи. Тоа не го направи ниту во случајот со Пантиќ“, соопштија синоќа од претседателскиот кабинет.

Се наведува и дека претседателот „посветено работи на афирмација на Косово и зајакнување на владеењето на правото и редот“.