
Вучиќ објави видео во кое одговара на прашање за германските реакции на својот инстаграм профил.
Тој беше прашан за коментар на тоа дека „Германците беа најгласни кога го критикуваа однесувањето на полицијата на демонстрациите во 2020 година, а денес германската полиција работи на отстранување на барикадите и растерување на активистите кои се противат на проширувањето на рудниците за лигнит“.
„Ќе ги прашаме нив како тоа оди демократски да се решаваат овие проблеми кога некој окупира патишта, автопати, спречува работа на рудници и сите тие методи ќе ги примениме“, вели Вучиќ.
„Не можеме да ја стигнеме Германија во однос на демократијата, па ќе примениме само 70-80 % од нивните демократски методи. И тогаш ќе мора да не пофалат, да напишат во извештајот за напредокот дека примениле 70-80% од нашите методи. Нема да користиме 100 отсто затоа што се грижиме за нашите граѓани, нема да ги тепаме, малтретираме, како што прават тие. Ако кажат дека треба да учиме од нив, ќе научиме“истакна тој.