Вучиќ на едночасовен телефонски отчет со Путин
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека имал важен едночасовен телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин за билатералните односи, енергетските проблеми, ситуацијата во Украина и Западен Балкан, и го информирал дека утре ќе поднесе оставка и му се заблагодарил за соработката во изминатите 14 години.

Наведувајќи дека разговорот бил „суштински и добар“ и дека е важен за иднината на Србија, Вучиќ во видео изјава изјави дека верува оти во понеделник ќе биде продолжен анексот на договорот за гасниот аранжман со Русија и дека Србија сепак ќе може да има добра, ниска цена на гасот од 318 евра за илјада кубни метри, наместо 868 евра, колку што е на светскиот пазар.
Според Вучиќ, тие разговарале и за Нафтената индустрија на Србија, односно размениле мислења со надеж дека ќе се постигне решение добро за двете страни.
Вучиќ рече дека со Путин разговарал и за други важни прашања од билатералната соработка, за ситуацијата во Украина, како и за Западен Балкан.
Вучиќ му се заблагодарил за испраќањето помош во гаснењето пожари во Србија и спречувањето на поголеми штети.
Според Вучиќ, во име на Србија и во свое име, тој им се заблагодарил на Руската Федерација и на Путин за нивната соработка во претходните 14 години и го информирал дека утре ќе поднесе оставка, и е сигурен дека идните претседатели на Србија „ќе се грижат за интересите на Србија и ќе одржуваат таков баланс и таков вид одговорност кон сите важни субјекти на меѓународната политика“. (ФоНет)