Вулин: Против Србија се води специјална војна!

Александар Вулин – министерот за внатрешни работи на Србија за бројните дојави за бомби вели дека „суштинската цел на сите овие напади е Србија да престане да води независна политика и да носи одлуки под притисок и во страв“.

Повеќе јавни објекти во Белград беа цел на лажни извештаи за бомби во последните месеци, имаше и денеска. Заканите пристигнале „од различни адреси од повеќе европски земји, на адреси на институции, весници и фирми“.

„Против Србија се води специјална војна. Нападите врз нашата земја не се иницирани или извршени од поединец, тоа се масовни, организирани и многу скапи хакерски напади, предводени од различни центри за хибридна војна“ – рече Вулин.

Денеска имаше дојави за бомби во 97 основни и средни училишта во Белград, а во петокот беа испратени закани за бомби на адресите на три трговски центри и четири студентски домови во главниот град на Србија.

Засега српските власти не соопштуваат кој е одговорен за лажните дојави.