Во Шведска се укинати речиси сите рестриктивни ковид-мерки

Од денеска во Шведска се укинуваат речиси сите рестриктивни мерки воведени поради пандемијата на коронавирус, набргу откако соседната Данска го стори истото.

Се укинува досегашното работно време во рестораните и кафулињата, а веќе не важат ниту правилата за одржување физичка дистанца. Нема да важи и ограничувањето на бројот на посетители на настани и собири.

Шведските граѓани повеќе не мора да носат маски на преполни места или во јавен превоз.

Оваа одлука Швеѓаните ја прославија синоќа во ноќните клубови, останувајќи до раните утрински часови.

Сепак, некои мерки остануваат во сила на места како што се здравствени установи и домови за стари и изнемоштени лица.