„Во Украина загинаа најмалку 102 цивили“

Мишел Бачелет – шефица на Обединети нации за човекови права денеска изјави дека во руската инвазија врз Украина убиени се најмалку 102 цивили, а 304 се повредени.

„Повеќето од цивилите беа убиени од експлозивно оружје со широко подрачје на удар, вклучително и гранатирање од тешка артилерија и ракетни системи, како и воздушни напади. Се плашам дека бројките се значително повисоки“ – истакна Бачелет.

Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) соопшти дека 422.000 луѓе избегале од Украина во соседните земји, а над 100.000 се внатрешно раселени.