„Анонимуси“ хакнале над 300 руски и белоруски интернет страници

„Анонимуси“ денеска соопштија дека собориле повеќе од 300 интернет-страници на официјални руски владини агенции, компании, медиуми, банки, меѓу кои белоруските „Белорусбанк“, „Приорбанк“ и „Белинвестбанк“.

На Твитер „Анонимуси“ објавија дека последните 48 часа хакирале повеќе од 300 руски веб-страници, така што повеќето од руските официјални агенции се офлајн.

Тврдат дека успеале да влезат во базата на податоци и на руската „Сбербанк“, а ја собориле и веб-страницата на руското Министерство за труд и социјална заштита.

„Го уриваме финансискиот и владиниот руски кибер систем додека тие маршираат низ Украина“ – додаваат од групата „Анонимуси“.