Во среда Судскиот совет ќе го разгледува извештајот од работната посета на скопска Апелација

Во среда Судскиот совет ќе го разгледува извештајот од работната посета на скопска Апелација.

Одлуката за работна посета, Судскиот совет ја донесе на итна седница на 19 декември минатата година, по реакциите во јавноста.Ја донесе откако скопска Апелација ги уважи жалбите на обвинетите за предметот „Таргет-тврдина“ и го врати на повторно постапување пред Кривичен суд случајот со масовното прислушување и уништување на опремата од УБК.