
Во однос на инфлацијата Швајцарија помина подобро од другите земји
Инфлацијата во таа земја зајакна на 2,8 отсто во 2022 година, поттикната од растот на цените на горивото, автомобилите и киријата. Но сепак се намали во декември, како одраз на поблаг пораст на цените на енергијата,според податоците на ДЗС.
Минатата година цените пораснаа за 0,6 отсто, а во 2020 година забележаа речиси ист процентен пад.
Како што се наведува понатаму, во 2022 година инфлацијата во Швајцарија го достигна својот врв во август, кога изнесуваше 3,5 отсто, а тоа во голема мера се должи на зголемувањето на цената на нафтените деривати, гасот, автомобилите и изнајмувањето станови.
Онаму каде што е забележан пад на цените, се пакетите за фиксна и мобилна телефонија, како и лековите.
Лани цените на домашните производи поскапеле за 1,6 отсто, а на увозните за 6,7 отсто. Растот на потрошувачките цени минатиот месец забави на 2,8 отсто, што е најниско ниво во последните осум месеци.
Годишната стапка на инфлација во Швајцарија достигна 2,7 отсто.