Во недела протест во Скопје по пресудата за Тачи во Хаг

Во недела, 27 септември, во 14 часот на плоштадот „Скендербег“ во Скопје ќе се одржи протестен марш по повод првостепената пресуда на Специјализираните совети во Хаг против поранешните водачи на ОВК.

Во недела, 27 септември, во 14 часот на плоштадот „Скендербег“ во Скопје ќе се одржи протестен марш по повод првостепената пресуда на Специјализираните совети во Хаг против поранешните водачи на ОВК.

Маршот е најавен од Организацискиот совет, од каде што Феџри Асипи ги повика граѓаните и албанските политички партии да се приклучат.

На протестот, според најавата, се поканети семејства на загинати, ветерани и воени инвалиди, поранешни затвореници и политички прогонувани лица, како и претставници на верскиот, академскиот и граѓанскиот сектор.

На 16 септември Хашим Тачи и Јакуп Красниќи беа осудени на по 25 години затвор, Кадри Весели на 18, а Реџеп Селими на 13 години. Судскиот совет ги прогласи за виновни за повеќе воени злосторства, додека за обвиненијата за злосторства против човештвото беа ослободени. Пресудата е првостепена и може да биде обжалена.