Во кинески град 1,2 милиони жители во карантин поради тројца заразени со Ковид-19

Во градот Јужоу во централна Кина, во провинцијата Хенан, со околу 1,2 милиони жители е воведен карантин откако се пријавени 3 асимптоматски случаи на коронавирус.

Надлежните информираат дека сите граѓани од синоќа морале да останат дома за да може да се контролира ширењето на вирусот. Таков чекор е преземен откако се откриени три случаи на зараза во изминатите неколку дена.

Во Кина денеска се потврдени само уште 175 нови случаи на Ковид-19, вклучително и 5 во провинцијата Хенан.