Во Белград отворена стечајна постапка за Алта Банка
Народната банка на Србија објави дека во рок од три работни дена од одлуката на Трговскиот суд во Белград за отворање стечајна постапка против АЛТА банка, ќе биде објавено известување за условите, местата и роковите за исплата на осигурените депозити, како и други релевантни информации за клиентите на банката.
Трговскиот суд во Белград денеска отвори стечајна постапка против АЛТА банка, објави Агенцијата за осигурување на депозити.
Народната банка на Србија објави дека, по спроведувањето на контролни активности и воведувањето привремени мерки, а со цел заштита на штедачите и другите доверители и спречување на ширење на какви било негативни ефекти врз општеството и економијата, на 30 октомври ја одзеде лиценцата за работа од Алта банка а.д. Белград.