![](https://triling.mk/wp-content/uploads/2022/01/rtegfsdcx-750x430.jpg)
Во Англија за еден ден 162.572 нови случаи на коронавирус
Во првиот ден од новата 2022 година во Англија се регистрирани 162.572 нови случаи на коронавирус, што е највисок дневен биланс од почетокот на пандемијата. Претходно, во петокот беа регистрирани 160.276 новозаразени лица.
„Гардијан“ пишува дека бројот на заразени во Англија е во пораст петти ден по ред. Бројот на починати во последното деноноќие изнесува 154 лица.