ВЛЕН му возврати на ВМРО-ДПМНЕ за Брвеница: „Ниту една партија не е сопственик на гласовите“

„Ниту една политичка партија не ги контролира гласовите и не може да тврди дека е нивен сопственик. Гласовите им припаѓаат на граѓаните, кои се слободни да одлучат кому ќе му ја доверат својата поддршка. Ова е демократски принцип што сите мора да го почитуваат“, порачаа од ВЛЕН.

Коалицијата ВЛЕН порача дека ниту една политичка партија не може да ги контролира гласовите на граѓаните ниту да тврди дека тие ѝ припаѓаат, по изборите за градоначалник на Брвеница. Реакцијата доаѓа по обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ, која својот владин коалициски партнер го нарече „тројански коњ“ во корист на ДУИ.

„Ниту една политичка партија не ги контролира гласовите и не може да тврди дека е нивен сопственик. Гласовите им припаѓаат на граѓаните, кои се слободни да одлучат кому ќе му ја доверат својата поддршка. Ова е демократски принцип што сите мора да го почитуваат“, порачаа од ВЛЕН.

Од коалицијата оценуваат дека изборите во Брвеница се одржале во слободен и демократски процес, без инциденти и без прекршување на изборните правила.

Според ВЛЕН, изборниот исход покажал дека Македонија има уште многу работа до изградбата на вистински граѓански и инклузивен модел.

ОД ВЛЕН, сметаат дека изборниот исход покажал дека Македонија има уште многу работа до изградбата на вистински граѓански и инклузивен модел.

„Граѓански модел не може да се гради со повици за етничко гласање заедно со СДСМ и Левица. Затоа што таму каде што е Левица, ги нема Албанците!“, се наведува во реакцијата.

Од ВЛЕН предупредуваат дека во етнички разновидните општества секоја акција предизвикува реакција и дека политичката реторика заснована на етнички поделби може дополнително да ги продлабочи разликите меѓу заедниците.

„Таквиот пристап ризикува да создаде затворен круг на поттикнувачка и поларизирачка реторика и да ги продлабочи етничките поделби. Како последица, наместо напредок, ќе имаме назадување“, порачуваат од коалицијата.

„Граѓански модел не може да се гради со повици за етничко гласање заедно со СДСМ и Левица. Затоа што таму каде што е Левица, ги нема Албанците!“, се наведува во реакцијата.

Од ВЛЕН предупредуваат дека во етнички разновидните општества секоја акција предизвикува реакција и дека политичката реторика заснована на етнички поделби може дополнително да ги продлабочи разликите меѓу заедниците.

„Таквиот пристап ризикува да создаде затворен круг на поттикнувачка и поларизирачка реторика и да ги продлабочи етничките поделби. Како последица, наместо напредок, ќе имаме назадување“, порачуваат од ВЛЕН.

Реакцијата следува откако ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека, и покрај растот на бројот на гласови во вториот круг, нејзиниот кандидат не успеал да победи во Брвеница. Партијата ги обвини ДУИ, СДСМ, Левица и ВЛЕН дека дејствувале против неа, а особено го критикуваше ВЛЕН, оценувајќи дека не успеал да се издигне над етничкиот национализам.

ВЛЕН, пак, инсистира дека волјата на граѓаните мора да биде над секој партиски интерес и дека во локалната демократија таа треба да остане непартиска.

Тие им се заблагодарија на сите граѓани што учествувале во изборниот процес и го искористиле своето право на глас.