Виното и шампањот штитат од Ковид-19

Консумирањето шампањ, црвено и бело вино може да ја намали опасноста од зараза со коронавирус – тврдат лекари од болница во Шенжен, Кина.

Истражувачите, според информациите, проучувале податоци од 473.957 луѓе, од кои 16.559 биле позитивни на Ковид-19. Учесниците биле поделени во три групи – оние кои не пијат, луѓе што порано пиеле и оние кои сега пијат алкохол.

Заклучот вели дека оние кои претпочитаат црвено вино се најзаштитени од вирусот САРС-КоВ-2, а пиењето повеќе од 5 чаши од овој пијалок неделно го намалува ризикот од зараза за 17 отсто.

За оние кои пијат една до четири чаши бело вино или шампањ неделно заштитата е 8%. А, кога пијат повеќе од пет чаши неделно, „заштитната делотворност“ е речиси незабележлива.
Оние кои пиеле пиво имале 28 отсто поголема опасност да се заразат со коронавирус, а количината на пиење не играла улога.