
Вил Смит: Материјалниот свет е недоволен за да ја одржи нашата среќа!
Во шоуто на Дејвид Летерман – „На мојот следен гостин не му треба вовед“ гостуваше популарниот актер Вил Смит.
Сепак, целото шоу било снимено пред Оскарите па во него немаше коментар за инцидентот на сцената, но затоа Смит сподели свое искуство со дрогата.
Водителот и Смит разговарале и за книгата на актерот, но и Џејмс Њутон Хауард, кој работел на музиката за филмот „Јас сум легенда“.
Инаку филмот заработил 77 милиони долари во првиот викенд од прикажувањето.
„Во тој момент почнав да сфаќам дека тоа е суптилна болест. Кога се фокусирате на материјалниот успех, ништо не е доволно. Не сум разговарал со никого 14 дена. Тоа ми помогна да сфатам какво лудило се случува во мојата глава. Бев на врвот на материјалното богатство. Мислам дека природата на човештвото е да разбере дека материјалниот свет е недоволен за да ја одржи нашата среќа. Невозможно е да го заштитите нашето семејство. Тоа е илузија. Безбедноста е илузија. Мора да научиме да живееме со сознанието дека сè може да исчезне за една секунда. Ако го знаеш тоа, како можеш да бидеш среќен?“ – вели Смит.