
(ВИДЕО) Незири: Ниту Мицкоски ќе се повлече од политиката, ниту Ахмети ќе замине од претседател на ДУИ
➡Еве земете на пример ВЛЕН, којшто од шесте министерства кои ги контролира и менаџира, четири од кадрите се од Тетово. Значи ВЛЕН знае дека во Тетово е главната битка на политичките партии на етничките Албанци. Симболиката на Тетово е многу силна во однос на тоа кој е легитимен претставник на Албанците, и затоа мислам дека таа партија се фокусира сега на Тетово“, изјави во Трилинг аналитичарот Џелал Незири, околу тоа дали со промените во владиниот кабинет, на коалициските партнери владината моќ се зголемува или се намалува. ➡Околу владиното проветрување и ставот на ДУИ дека ВЛЕН е владина марионета во кабинетот на Мицкоски, а друга страна СДСМ оваа владина реконструкција ја оценува само како козметичко решение и дека ништо ново нема да видиме на политичката сцена, и за тоа кои се ефектите од овие промени на „Илинденска“ бр.2, од аспект на владеење на правото, борбата против корупцијата, евроинтегративниот пат, подобрување на економско-социјалната состојба на државата, Незири смета дека е иронични што министрите кои не покажаа резултати во овој двегодишен период, како да беа наградени. ➡Околу најавата на Мицкоски дека нема намера да се кандидира за лидер на партијата по завршувањето на партискиот мандат и најавата дека не размислува да се кандидира за иден шеф на државата, а во исто време лидерот на ДУИ, Ахмети, вели дека е време за негово политичко пензионирање, како и дали нивните идни наследници, на двете партии, и на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, ќе бидат оние кои ќе треба и ќе ги градат новите мостови помеѓу двете партии, Незири вели дека во политиката, политичарите никогаш не треба да велат никогаш. ➡ Јас не мислам дека Мицкоски ќе се повлече. Мислам дека тој би можел да биде идниот шеф на државата, иако вели дека нема таква намера. Но ние знаеме дека кога треба да се повлече од јавно дадениот збор, тогаш во самата партија се инсинираат ситуации, каде што органите на партијата не дозволуваат, или лидерот не сака да се кандидира па партијата го кандидира. Значи има такви театрални стратегии коишто ги спроведуваат политичките партии со цел да ги штитат лидерите од јавно дадениот збор. Јас не мислам дека Ахмети ќе се повлече од ДУИ, ниту пак мислам дека Мицкоски ќе се повлече од ВМРО-ДПМНЕ, без да има нова политичка улога во државата. Затоа ги земам со резерви. Но еве под претпоставка дека овие нивни најави ќе бидат реалност, мислам дека има нова генерација на политичари кои се порационални, повеќе прагматични и имаат европски пристап во правење политика, додава Незири.
„Мислам дека се зголемува моќта на ВМРО-ДПМНЕ ако се гледа кои министерства ќе ги контролира во наредниот период. Моќта во однос на буџетите што тие министерства ги имаат и врз основа на тоа мислам дека таа моќ на ВМРО-ДПМНЕ да менаџира со поголемиот дел од буџетот во државата е порасната со последната реконструкција. Тука предвид го имам и министерството за здравство кое беше значајно министерство кое го имаа ВЛЕН, но при последната реконструкција изгледа тој ресор го „трампаа“ за култура, кој исто така е значаен ресор но далеку со помал буџет од здравството.
-Затоа мислам дека од оваа реконструкција моќта се концентрира кај ВМРО-ДПМНЕ, иако бројот на министерства што сега ВЛЕН ќе ги контролира се шест, но тоа не значи дека нивната моќ е порасната. Напротив ако се гледаат бројките, ако се гледаат ресурсите што ги менаџираат овие министерства, мислам дека нивната моќ е редуцирана при последната реконструкција. Но мислам дека целата оваа реконструкција не е направена за да се отстранат дефектите во функционирањето владиниот кабинет. Реконструкција претежно се прави ако се детектираат дефекти во самиот систем, во самата влада и за да се отстранат се прави ресет на истата влада. Но тука немаме ние ресет. Тука фактички ние имаме репозиционирање на политичките партии во пресрет на евентуалните парламентарни избори, кои би можело да бидат предвремени, и да се случуваат во пролетта 2027-ма година.
-Еве земете на пример ВЛЕН, којшто од шесте министерства кои ги контролира и менаџира, четири од кадрите се од Тетово. Значи ВЛЕН знае дека во Тетово е главната битка на политичките партии на етничките Албанци. Симболиката на Тетово е многу силна во однос на тоа кој е легитимен претставник на Албанците, и затоа мислам дека таа партија се фокусира сега на Тетово“, изјави во Трилинг аналитичарот Џелал Незири, околу тоа дали со промените во владиниот кабинет, на коалициските партнери владината моќ се зголемува или се намалува.
Околу владиното проветрување и ставот на ДУИ дека ВЛЕН е владина марионета во кабинетот на Мицкоски, а друга страна СДСМ оваа владина реконструкција ја оценува само како козметичко решение и дека ништо ново нема да видиме на политичката сцена, и за тоа кои се ефектите од овие промени на „Илинденска“ бр.2, од аспект на владеење на правото, борбата против корупцијата, евроинтегративниот пат, подобрување на економско-социјалната состојба на државата, Незири смета дека е иронични што министрите кои не покажаа резултати во овој двегодишен период, како да беа наградени.
„Не сите, туку неколкумина од нив. Од друга страна имавме министри коишто покажаа резултати. а беа сменети. Конкретно земете го Министерството за здравство. Таму некако, барем таква беше перцепцијата во јавноста, од сѐ уште актуелниот министер Алиу дека почнува да ги решава систематски, методолошки некои од тие проблеми, и сфативме дека нешто може да функционира како што треба. Значи сменет е министер кој некако покажа резултати дека може да ги решава тие проблеми. Ова навистина е разочарувачки – што партиските интереси се ставаат над интересите на граѓаните. Образованието и здравството не трпат менување на министри, не за еден мандат, туку за повеќе мандати, смета Незири.
Околу најавата на Мицкоски дека нема намера да се кандидира за лидер на партијата по завршувањето на партискиот мандат и најавата дека не размислува да се кандидира за иден шеф на државата, а во исто време лидерот на ДУИ, Ахмети, вели дека е време за негово политичко пензионирање, како и дали нивните идни наследници, на двете партии, и на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, ќе бидат оние кои ќе треба и ќе ги градат новите мостови помеѓу двете партии, Незири вели дека во политиката, политичарите никогаш не треба да велат никогаш.
„Кога велат дека ќе се повлечат, знаеме дека ретко политичарите се повлекуваат без да се случи да имаат силна причина за повлекување. Политичарите, не само кај нас, туку и во регионот, влегуваат како големи демократи, но со тек на времето стануваат автократи кои потоа мислат дека ќе треба да бидат доживотно лидери на политичките партии. Во која политичка партија кај нас имало смени без договарање, или без внатрешни револуции. Договарање во смисла да си остави човек кој е доверба, па тој од сенка да ја контролира партијата. Кај нас така се прават тие повлекувања.
-Но јас не мислам дека Мицкоски ќе се повлече. Мислам дека тој би можел да биде идниот шеф на државата, иако вели дека нема таква намера. Но ние знаеме дека кога треба да се повлече од јавно дадениот збор, тогаш во самата партија се инсинираат ситуации, каде што органите на партијата не дозволуваат, или лидерот не сака да се кандидира па партијата го кандидира. Значи има такви театрални стратегии коишто ги спроведуваат политичките партии со цел да ги штитат лидерите од јавно дадениот збор. Јас не мислам дека Ахмети ќе се повлече од ДУИ, ниту пак мислам дека Мицкоски ќе се повлече од ВМРО-ДПМНЕ, без да има нова политичка улога во државата. Затоа ги земам со резерви. Но еве под претпоставка дека овие нивни најави ќе бидат реалност, мислам дека има нова генерација на политичари кои се порационални, повеќе прагматични и имаат европски пристап во правење политика.
-Таа смена на генерации може да придонесе кон поголем квалитет на демократијата во нашата држава. Не само во однос на градење на мостови помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Генерално во политичката сцена на државата потребна е нова политичка култура, која како приоритетна вредност би го имала консензусот. Ние немаме консензус за клучни државни прашања. Секоја земја која е во процесот на пристапни преговори за членство во ЕУ го имаат тој консензус. Како Хрватска пред да стане членка во 2013-та година. Словенија го имала тоа. Албанија која се соочува со големи политички судири помеѓу власта и опозицијата, сепак за европскиот правец на државата имаат целосен консензус“, вели Незири.
Осврнувајќи се на тоа дека од една страна имаме фрагментирана опозиција, а од друга страна силна поддршка и моќ кај владејачката гарнитура и дали може да се говори за демократизација на општеството, Незири не мисли дека ако имаме многу партии може да се каже дека тоа индикатор дека имаме демократизација на општеството.
„Вие имате една Америка која двопартиска држава, каде што практично две партии функционираат – демократите и републиканците. Исто така имаме и многу европски земји каде постојат многу партии, но тие се идеолошки. Германија има лева партија – СПД, има десна партија – ЦДУ, имаме една екстремна десна партија која сега зема замав – АФД. Значи има некој ред, внатре во политичката сцена, кој подразбира идеолошко функционирање на политичките партии. Зошто да рече кај опозицијата да има 5-6 политички партии кои имаат иста идеолошка матрица? Тие се лево ориентирани. Или зошто една партија која е лево ориентирана да биде дел од владејачка гарнитура која е десно ориентирана. Значи кај нас партиите губат смисла да останат живи, да функционираат во моментот кога не се придржуваат кон нивните идеолошки линии. Во тој момент тие повеќе наликуваат на компании, на профитабилни фирми, отколку на политичка партија. Политичките партии се здруженија, организации кои ги собираат луѓето што имаат сличен или исто видување за решавање на неколку проблеми во државата. Земете го и ВМРО-ДПМНЕ. Кога беше на власт една реторика, кога беше опозиција друга реторика, а сега сосема друга реторика“, смета Незири.
Говорејќи околу тоа дали овие двојни аршини на менување на реториката, на логиката, на ветувањата кога сте во опозиција и на власт, и за тоа дали граѓаните не знаат тоа да го препознаат, Незири вели дека граѓаните се свесни за тоа и затоа опаѓа и поддршката кон политичките партии.
„Затоа паѓа и интересот да бидат учесници во демократските процеси, за да излегуваат на гласање. Вие имате константен пад на излезноста на граѓаните на гласење. Значи порано имавме 70-80% на излезност на избори. Имаа доверба дека тоа што го кажуваат политичарите, тоа ќе го спроведат откако ќе дојдат на власт. Но сега го нема тоа. Вие имате 35-40% излезност. Еве да речеме за претседателските избори – ако не спојат со парламентарни или втор круг на локални избори вие не можете да постигнете цензус за да биде избран претседателот на државата. Тоа е многу опасен индикатор за демократијата во земјата. Ако луѓето не веруваат во демократијата тогаш постои опасност да почнуваат да бараат друг модел на регулирање на државата, друг модел на политичкиот систем што го имаме ние тука. Затоа мислам дека таа смена на генерации може да носи поголем квалитет во политиката. Поголем квалитет во разбирањето на демократијата. Тој квалитет би почнал од стриктно профилирање на политичките партии. Вие ако имате лево ориентирана политичка партија, која што ги промовира или поддржува бизнисите, тука имате оксиморон. Значи не може лево ориентирана политичка партија да биде во партнерство со бизнисот. Тие мора да бидат во партнерство со синдикатите. Или обрано, вие имате десно ориентирана политичка партија којашто има договори и соработува со синдикалните организации. И тоа оксиморон, бидејќи десно ориентираните партии го поддржуваат бизнисот, подразбираат зајакнување на бизнисот со цел да се отворат нови работни места. Такви профилизации ние немаме. Кај нас политичката сцена е една голема берза, или еден бизнис еко-систем. Ние секогаш имаме политички партии кои пред изборите во отсуство на економски резултати си играат на етно-националистичката карта и од тоа креираат кај нас различностите да се гледаат како опасност, а напротив треба да се создаде еден амбиент каде што овие различности може да се перципираат и сфатат како богатство“, смета Незири.
Целото интервју погледнете го во видеото