(Видео) Меџити започна со формирање своја партија
Попладнево во салата на Општина Чаир, „огнениот“ Изет Меџити ја почна постапката за формирање на нова партија. Меџити започна со формирање за кое е карактеристично што од улога на власт преминува во опозиција.
Во продолжение може во живо да ја следите прес-конференцијата на Изет Меџити:
Придружуван од пратениците Мерита Коџаџику и Кастриот Реџепи, градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, поранешниот заменик министер за одбрана Башким Хасани, но и од останати членови на „огнените” и функционери од ДУИ, Изет Меџити, заедно со неговите поддржувачи, на затворена седница разговара за идејата за формирање на ново движење.
Меџити од „огнените“ најави дека од денеска почнува со формирање ново движење. Како што дознава „360 степени“, „огнените“ се прочистени.
Денеска со Меџити ги немаше градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, поранешниот вицепремиер Муса Џафери и ексградоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта, кои и претходно најавија дека не даваат поддршка за Меџити и движењето за кое најави дека ќе се формира.
На ваквата идеја јавно се спротиставија други членови на ДУИ кои заедно со него беа во „огнената група“, меѓу кои Беџети, Џафери и Бејта.