(Видео) Калиќи: Се вршат притисоци врз новинарите, наместо да одиме напред се враќаме назад!

„Каква е состојбата денес во македонските медиуми“ е централното прашање во вечершното интервју со претседателка на Советот за етика во медиумите, Леунора Калиќи за „Трилинг“.

За конфликтот меѓу ИРЛ и Кочо Анѓушев таа вели дека ова поттикнува страв кај медиумите. Ова би влијаело на помалку објавување на самите медиуми и негативно влијае врз слобдата на изразување на сите медиуми.

Секогаш кога зборуваме за објавување содржини или било какви продукти на новинари истакнуваме дека треба да има елементи на професионално и етичко размислување. Самата култура која се креира со ваквите пресуди и одлуки креаираат страв за новинарите да не може да објавуваат теми кои не кажуваат дека има позитивни промени. Се вршат притисоци за новинарите, се враќаме назад, децидна е Леунора Калиќи.

Калиќи вели дека не може судот да одлучува кој е, а кој не е медиум.

Инаку, денеска новинари, претставници на невладиниот сектор и граѓани денеска протестираа пред Граѓанскиот суд во Скопје по пресудата со која судијката Јованка Спировска-Панева ги осуди новинарката Сашка Цветковска и Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) во спорот кој против нив го поведе бизнисменот и поранешен заменик премиер Кочо Анѓушев за сторијата „Заговор против воздухот“.