
Пожарот во атарот на селото Бељаковце е целосно изгаснат. Дежурни екипи на ТППЕ Куманово и Ранковце ќе останат на две позиции од кои ќе внимаваат да не дојде до повторна појава на оган, информираат од ЦУК.
Хеликоптерот на Одделот за воздухопловни единици на МВР денеска интервенираше во гаснење на пожарот кај Бељаковце, кој се проширил на два крака и кон селото Стрезовце. Хеликоптерот Бел-412 ЕП врз пожарот исфрли над 30 тони вода.