
(ВИДЕО) Аналитичарот Незири: Предвремени избори, па промена на Уставот
Околу тоа дали се можни предвремени избори, Незири смета дека тоа би подразбирало и исполнување на обврските, т.е уставните измени. „Тогаш, најверојатно ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Мицкоски ќе оди на избори за да побара цел мандат, бидејќи не е политички возможно, една година пред редовни парламентарни избори да направи еден таков компромис, со гласање на уставните измени. - Пред изборите тоа би било еден вид политичко самоубиство за ВМРО-ДПМНЕ“, смета Незири.
„Мислам дека сите партии нaјдоа бројки и споредби да прогласат некаква победа. ВМРО-ДПМНЕ како партија и нејзиниот кандидат, во споредба со гласовите што претходниот кандидат ги доби се некои 500-600 гласови има минус, додека СДСМ има 500 до 700 гласови повеќе од лани, ВМРО-ДПМНЕ има нешто плус, а СДСМ нешто минус.
-Но ако се споредат бројките што ги добија советнички листи од лани ВМРО-ДПМНЕ има нешто плус, а СДСМ нешто минус. Тоа укажува дека гласовите што ги добива ВМРО-ДПМНЕ не се само на етнички Македонци“, одговарајќи на темата кој доби, а кој изгуби во Брвеница.
На прашањето дали расте опозициското расположение кај граѓаните или пак власта може да биде смоуверена во политиките кои ги води, Незири смета дека дека паѓа поддршката за ВМРО-ДПМНЕ, но не расте за СДСМ“, вели Џелал Незири, политички аналитичар.
Додава дека постои и апатичност кај гласачите.
„Тие можеби се незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ, но сѐ уште не гледаат алтернатива кај СДСМ. Кај албанските партии имаме пад кај ВЛЕН во случајот со Брвеница, каде што изгубија една четвртина од гласовите, додека ДУИ освои двојно повеќе гласови од 2025-та година.
-Тоа покажува еден тренд дека ВЛЕН како партнер на ВМРО-ДПМНЕ се троши, додека граѓаните кај ДУИ гледаат подостоинствен претставник на нивните интереси во институциите или власта“, вели Незири.
Околу тоа дали се можни предвремени избори, Незири смета дека тоа би подразбирало и исполнување на обврските, т.е уставните измени.
„Тогаш, најверојатно ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Мицкоски ќе оди на избори за да побара цел мандат, бидејќи не е политички возможно, една година пред редовни парламентарни избори да направи еден таков компромис, со гласање на уставните измени.
– Пред изборите тоа би било еден вид политичко самоубиство за ВМРО-ДПМНЕ“, смета Незири.
Целото интервју погледнете го во видеото