Вечер посветена на Нина Спирова во КИЦ Белград

– Нина Спирова обележа цела една епоха во македонската и во музиката на поранешната југословенска заедница, оставајќи неизбришливи траги со нејзиниот глас и нејзините безвременски хитови, како што се „Еден бакнеж“, „Молчи Молчи“, „Ти езеро мое“ и многу други. Овие вечни мелодии, како и неколку староградски песни кои останаа најмногу препознатливи преку интерпретацијата на Нина Спирова, на вечерашниов концерт ќе добијат ново руво преку дуото формирано по овој повод: Александар Стоименовски-интепретатор и проф. Саво Милетиќ-клавијатури – информира македонскиот КИЦ Белград.

Македонскиот Културно информативен центар (КИЦ) Белград годинава ќе реализира музички портрети на легендарните музички ѕвезди: Нина Спирова, Маја Оџаклиевска и Бети Ѓорѓевиќ. Првиот од трите „Портрети“ посветен на Нина Спирова (Прилеп 1938- Коштуниќи, Р. Србија 2020), една од најголемите македонски интерпретаторки на сите времиња на забавни мелодии и на традиционални македонски песни, ќе се случи вечер во 20:30 часот во просториите на КИЦ Белград.

– Нина Спирова обележа цела една епоха во македонската и во музиката на поранешната југословенска заедница, оставајќи неизбришливи траги со нејзиниот глас и нејзините безвременски хитови, како што се „Еден бакнеж“, „Молчи Молчи“, „Ти езеро мое“ и многу други. Овие вечни мелодии, како и неколку староградски песни кои останаа најмногу препознатливи преку интерпретацијата на Нина Спирова, на вечерашниов концерт ќе добијат ново руво преку дуото формирано по овој повод: Александар Стоименовски-интепретатор и проф. Саво Милетиќ-клавијатури – информира македонскиот КИЦ Белград.

Александар Стоименовски роден во Виница во 1995 година, дипломира актерство на Академијата за уметност во Белград, како студент на генерацијата во класата на проф. Мирјана Карановиќ, има остварено забележителни театарски улоги на бројни театарски сцени во Белград, но и во Суботица и во Скопје, а музиката е негова голема пасија, од македонскиот фоклор и евергрини од 70-те и 80-те години на минатиот век, до госпелот и хорското пеење.

Проф. Саво Милетиќ е роден во Крагуевац во 1980 година и во моментов предава џез пијано на Факултетот за музичка уметност во Белград. Дипломира на престижниот Џез Универзитет во Грац, во 2015 година го снима својот прв авторски албум во Њујорк, со светски познати џез музичари, а има настапувано на музички сцени во Австрија, Франција, Шпанија, Словачка, Германија, Швајцарија, САД, Индонезија, како и во сите земји од поранешната југословенска федерација. Во 2009 година, завршува мастер студии на Универзитетот во Грац, со највисоки оценки.

Со проектот „Портрети“ на познати македонски уметници кои живееле, работеле и стекнале статус на големи ѕвезди во Белград и во Србија, македонскиот КИЦ во Белград минататата година претстави музичко портретирање на Зафир Хаџиманов, со учество на Бисера Велетанлиќ и неговиот син Васил.