Вакцината „Спутник лајт“ три месеци штити од Омикрон

Оние граѓани кои примиле трета доза од руската вакцина „Спутник лајт“ ќе бидат 100 отсто заштитени од сојот омикрон во текот на три месеци, покажале истражувањата, изјави за телевизијата „Русија 1“ директорот на Центарот „Гамалеја“ – Александар Гинцбург. Тој потенцираше дека 75 отсто од вакцинираните со „Спутник В“ имаат антитела кои го неутрализираат сојот омикрон.

„Ако се погледне крвната плазма на луѓето кои примиле засилувачка доза Спутник лајт, може да се забележи дека тие имале 100 отсто антитела кои го неутрализираат вирусот три месеци по примањето на третата вакцина“ рече Гинцбург.

Тој не е преголем оптимист кога станува збор за крајот на пандемијата.

„Не се осмелувам да тврдам дека ова е последната фаза. Додека разговарам со вас, се појавуваат бесконечен број нови видови на Ковид-19. Засега само се бориме со последиците, почнуваме да го гасиме пожарот, додека огнот веќе гори“ додава Гинцбург.