Бугарија е последна во Европа според вакцинација против коронавирусот

Речиси една третина од населението во Европа не е вакцинирано против Ковид-19, а источниот сосед – Бугарија е на последно место според тој индикатор. Ова денеска го соопшти Андреа Амон, директор на Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

Според неа, потребни се заеднички напори за да се зголеми опфатот со вакцинација.

„За време на пандемијата, обезбедуваме научни информации и докази за вакцините што можат да ги користат сите земји, а научните информации ги правиме што е можно поразбирливи“ – додаде Амон.

„Вакцините, особено бустер дозите, се многу ефикасни, особено за полесна прогресија на болеста и помалку хоспитализирани“ – изјави Емери Кук, извршен директор на Европската агенција за лекови.

Кук ги повика Бугарите да го завршат циклусот на вакцинација.