
Премиерката Ана Брнабиќ изјави денеска дека во меѓународните односи се применуваат двојни стандарди за територијални спорови и го наведе примерот на Кипар и Косово, кои се третираат на различни начини од германското Министерство за надворешни работи.
„Германското Министерство за надворешни работи соопшти дека решението на две Германии не е опција за Кипар, туку единственото решение е преку ОН и почитување на релевантните резолуции на ОН. Значи, две држави не се опција за Кипар, а кога зборуваат за Србија, тоа е веројатно единствената опција и не е опција почитување на резолуциите на ОН. Но, тоа е реалноста и треба да работиме во тие рамки, да ја зачуваме Србија и претседателот Вучиќ работи на тоа“, рече таа за ТВ Пинк.
Таа објасни дека е потребно да се работи и на економско зајакнување на Србија паралелно со заштитата на националните интереси во политичката сфера.
Премиерката на Србија Ана Брнабиќ изјави дека е задоволна од резултатите од неодамнешната посета на Обединетите Арапски Емирати, како и од нивото на соработка меѓу двете земји, во која претседателот на Србија, Алескандар Вучиќ, имаше најголем придонес.
Таа рече дека добрите односи меѓу двете земји, меѓу другото, се постигнати благодарение на претседателот Вучиќ и неговото меѓусебно разбирање и почит со шеикот Мохамед бин Зајед.